Зголемен степен на тревога во Женева, се бараат терористи


Полицијата во Женева денеска го зголеми степенот на тревога и трага по осомничени лица, кои се посочени од швајцарските власти за наводна поврзаност со нападите во Париз, извршени на 13 ноември

Врз основа на добиената информација, полицијата во градот, кој се наоѓа во близина на француската граница, ја зајакна безбедноста и распореди поголем број полицајци.

policija-svajcarija-640x426

Службеник од обезбедувањето на европското седиште на ОН во Женева изјави дека швајцарските власти трагаат по четири лица, за кои се претпоставува дека се наоѓаат во овој реон. На влезовите за автомобили во седиштето е распоредено обезбедување со автоматски пушки, што е невообичаена мерка за комплексот.

Друг службеник од обезбедувањето истакна дека во седиштето е објавена максимална тревога.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1