На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила поради продолжениот викенд во Македонија, но не се чека подолго од десетина минути.
Во изминатите 24 часа од земјата излегле 12.000 патници од кои 6.500 се македонски граѓани.
– Гужвата од возила и автобуси во моментот е голема, но задржувањето на патниците не е подолго од пет до десет минути кои се потребни за извршување на царинските формалности. Тоа значи дека на „Богородица“ се функционира беспрекорно со ставање во функција на сите раположливи капацитети, изјави за МИА командирот на Граничната полиција, Миле Тошев.
На грчкиот дел од границата колоната возила е некаде до граничниот камен со Македонија, но и таму задржувањето не е подолго од петнаесетина минути.
Фреквенцијата на граничниот премин Богородица е зголемена уште од почетокот на месецов поради летувањето на странските и македонските туристи во Грција.