ЗГОЛЕМЕНА КОНТРОЛА: Тешко ќе се регистрираат возилата кои многу чадат!


Стапија на сила законските измени кои бараат стриктно почитување на одредбата за мерење издувни гасови кај автомобилите, pi[uva Faktor.

„За да се спречи загадувањето на атмосферскиот воздух и да се пресметаат количините на издувни гасови, потребно е превземање на построги казни во станиците за технички преглед во случај на неконтролирање на издувните гасови  кај возилата во постапка на регистрација на истите, односно е потребно да се интервенира во Законот за возила, стои во објаснувањето на законските измени.“zagaduvanje

На ваквиот чекор, ресорните министерства за економија и внатрешни работи се одлучиле откако утврдија дека:

„Станиците за технички преглед и покрај законската обврска што ја имаа за мерење на издувните гасови истата не ја извршуваа од причина што не беа пропишани казни за непостапување по наведените одредби, е наведено во објаснувањето на измените на Законот за возила.

Нема да се дозволи регистрација на возила кои не исполнуваат услови

Со законските измени е предвидено дека доколку се контролираат издувните гасови кај возилата во постапка на регистрација, возилата кои не ги исполнуваат пропишаните услови нема да бидат регистрирани, со што, како што стои во објаснувањето значително ќе се намали бројот на возила кои вршат зголемено загадување на воздухот, со што ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми квалитетот на воздухот.

Но, наведено е и дека доколку стручниот работник ја потврди техничката исправност на возило спротивно на точно определени одредби од Законот, министерот за внатрешни работи со решение ќе му ја одземе лиценцата за работа на стручниот работник за период од пет години.

Faktor.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1