Зголемена цената за паркирање за вработените во Клинички, за пациентите останува иста


Советот на Град Скопје денеска ја усвои одлуката со која цената за месечно паркирање за вработените во Клиничкиот центар се зголемува на 800 денари, додека цената за паркирање за пациентите останува иста.

Според градоначалникот Петре Шилегов, со ова се врши усогласување со цените што ги плаќаат граѓаните за услугите на ЈП „Градски паркинг“, а се очекува да се регулира сообраќајниот хаос во рамки на Клиничкиот центар.

– На Клиничкиот центар заради евтин популизам се издадени 1.500 месечни карти за кои вработените плаќаат повластени 300 денари во услови кога на паркингот има 670 места. За пациентите или корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг“ на Клиничкиот центар цената останува иста, истакна Шилегов.

Од Град Скопје посочуваат дека се планира изградба на монтажен паркинг на местото кадешто пред шест години беше ископана дупка за нов клинички центар.

На одлуката за зголемување на месечниот износ за паркирање денеска реагираше Синдикатот на вработените на Клинички центар, барајќи од министерот за здравство Венко Филипче да се заложи да се надмине овој проблем.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1