Зградата урната, сметките за МРТВ стасуваат


12 семејства од срушена зграда на улица Руди Чајевац 39/1 се жалат дека се принудени да плаќаат радиодифузна такса и во периодот додека инвеститорот одново ја гради зградата, а тие не живеат во неа. Дел од нив, како што велат, веќе се исселиле кај свои роднини или закупиле станови во кои веќе се плаќа радиодифузна такса, пишува ПлусИнфоmtv zgrada2

– Уште пред инвеститорот ја сруши зградата отидов во УЈП да го затворам долгот за радиодифузна такса и да побарам ослободување. Вработените на шалтерите ми рекоа дека такво нешто не може, зошто не ми кажаа. За мене е нелогично да плаќам радиодифузна такса двапати зашто веќе нашите роднини каде што ќе се исселиме плаќаат. На ова мое чудење не добив одговор – вели Тања Стојчевска, жителка на зградата на улица Руди Чајевац.

Дел од семејствата кои живеат во оваа зграда, тврдат дека и во становите кои ги изнајмиле се плаќа радиодифузна такса и за нив е нелогично да плаќаат двапати радиодифузна такса и за станот во срушената зграда и за изнајмениот стан.

Од правната служба на МРТВ тврдат дека изземање од плаќање радиодифузна такса за одреден период е дозволено, само ако за тоа се поднесат докази.

– Овие граѓани можат да бидат ослободени од плаќање радиодифузна такса, но треба да донесат документи со кои ќе докажат дека инвеститорот ја срушил зградата и веќе гради друга и дека некој плаќа радиодифузна такса онаму каде што сега се исселени, велат од МТВ

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1