Мери Ен Менинг ја исполнила својата последна желба. 61-годишната жена ја изгубила битката со ракот, но сепак успеала на венчавката на својот син да заигра за последен пат.
На венчавката Мери успеала да собере сили и да стане од инвалидската количка, како би заиграла со синот Рајан со песната “Somewhere Over the Rainbow”.
– Силата, одлучноиста и упорноста и помогнаа на Мери Ен во својата последна желба: да заигра со синот на неговата свадба, само три дена пред да почине, напишало семејството на некрологот во весниците.
Како изгледаше овој танц, погледнете на видеото во прилог: