Паметните телефони полни со сребро и злато (Видео)


Колку знаете за “парчето технологија“ кое се наоѓа во вашиот џеб, прашува American Chemical Society на својот канал на YouTube. Иако iPhone 6 полека стигнува во рацете на корисниците , компонентите во него се помалку или повеќе слични како и кај другите паметни телефони, кога се работи за користени хемиски елементи.

Во типичен паметен телефон се наоѓа околу 300 милиграми сребро и околу 30 милиграми злато, но и помали количини од некои ретки елементи, како празеодиум, гадолиниум и тербиум.telefon

Но, што е со т.н. “јонско појачано стакло“, кое го споменува Епл.

Верувале или не се работи за едноставно “полевање“ со калиум пред производот да се симне од производствената линија, пренесува Тпортал.

Сепак само златото и среброто кое се користи во паметните телефони во една година вреди повеќе од две и пол милијарди долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1