Жаре Бербер одговори на прозивките од СДСМ. Тој во изјава за КУРИР вели дека го иритира дволичноста, но сепак им простува.
Жаре Бербер вели дека неговиот личен и професионален однос наспроти пријателите и познаниците е секогаш искрен и директен и поради тоа смета дека нема потреба да го оправдува.
-Не знам зошто, но излегува дека јас го кажувам она што другите го мислат. Секогаш ме иритирала дволичноста и лицемерието кај луѓето, можеби поради тоа ме погоди и ова претходното. Но, моите пријатели во Прилеп и во цела Македонија знаат дека јас никому не сум наштетил. Напротив, секогаш кога сум можел, секому сум помогнал, изјави Жаре Бербер за КУРИР.
Тој нагласува дека неговата “политичка” опција во животот е музиката, хуморот, позитивната енергија, човечноста и никој тоа не може да му го ограничи.
-Импутирањето на разни небулози го разбирам само како атак кон јавна личност, истовремено им простувам на сите и им посакувам многу здравје и успех во животот. Бидејќи периодот на постот не го сфаќам формално, убеден сум дека секое лицемерие и било каква неправда од мене сторена, кон било кого, се враќа како бумеранг, вели Жаре Бербер.
Затоа, како што потенцира, внимава да остане во вистината секогаш, и по овој повод наспроти интригите и подметнувањата.