Железничка несреќа кај Дуброво, загина маж


Во железничка несреќа вчера загинал 44-годишниот З.А. од демиркапиското село Прждево, кој управувал „рено канго“ со неготински регистарски ознаки, соопшти Министерството за внатрешни работи.voz pruga3

Несреќата се случила околу 18 часот помеѓу патничкото возило и патнички воз на Македонски железници бр.634, кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, управуван од машиновозачот Р.С., на дел од отворена пруга помеѓу железничките станици во село Дуброво и Демир Капија, на 500 метри од станицата Дуброво на вториот влезен сигнал на патниот премин.

З.А. од добиените тешки телесни повреди починал на местото на несреќата Сообраќајот бил во прекин на тој дел од пругата до 23.10 часот. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица-Неготино.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1