Жељко и Јована со свадбено луксузирање од 25 илјади евра


Жељко и Јована Јоксимовиќ се пред крај со подготовките за нивната црковна венчавка и крштевката на синот.

Во недела парот ќе го кажат судбоносното „ДА“ пред Бога, а ќе го крстат и нивниот 6-месечен син Коста.

На прославата ќе присуствуваат 200 гости, а истата ќе се одржи во најелитниот ресторан во Белград.jovana-jankovic-zeljko-joksimovic-bosfor-odmor-uzivanje-1366501273-299861

Како што дознаваат српските медиуми, во тој ресторан свадбеното мени за една личност чини од 65 до 90 евра.

Па само за ресторанот младенците искеширале 18.000 евра, а целата венчавка ќе ги чини многу повеќе односно 25.000 евра.

„Јована и Жељко одлучија за своите гости да го одберат најдоброто. Младенците се одлучија за шведска маса на која покрај ладното предјадење ќе има многу специјалитети од домашната кујна, сирење, секакви видови на месо, морски плодови, а ќе се служат и најскапите вина“, открива извор близок до парот.

Инаку Јована и Жељко се венчаа пред 2 години на Малдиви.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1