По 42 години дознал дека како бебе бил киднапиран во Србија и продаден во Данска


Данецот Андрес Олесен кој живее во Копенхаген е роден како Срѓан Милинковиќ. Кога имал само неколку месеци, бил одземен од неговите вистински родители и продаден на богат брачен пар од Данска.

nvrekgmltКога наполнил 18 години, жената за која мислел дека му е мајка му кажала шокантна вистина – дека е посвоен и дека вистинските родители му се Душан Милинковиќ и Софија Бошњак од Србија.

– „Цел живот знаев дека нешто не е во ред. Во моето семејство во Данска сите се русокоси, такви им се и очите и косата а јас сум црн. Еден ден мојата данска мајка ми го призна она што со години го криеше. Ме купиле за 20 000 марки од Центарот за социјални работи“, вели Срѓан кој тогаш решава да ги види своите родители.

Вистинскиот татко на Андрес, Душан бил пресреќен од средбата со неговиот син.

– Го прегрнав уште додека беше на врата. На километар се гледа дека е мој син. Многу си личиме – единствен проблем ни е што јас не зборувам англиски, а тој не научил српски па ни треба преведувач – вели таткото.

Андрес вели дека него сакала присилно да го земе социјалната служба и кога мајката им се спротиставила дошла полицијата која исто така им се заканила да молчат инаку во спротивно ќе им го земат и првото дете.

Како што пишуваат српски медиуми на ваков начин биле продадени околу 100 бебиња. Парите завршувале кај луѓе од центарот за социјални работи и полицајци.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1