Жељко Јоксимовиќ кум, Каролина ќе пее – Водици во Охрид ќе се слави 4 дена


Празникот Водици стана едно од препознативлите обележја на Охрид, атрактивно за голем број гости и туристи, на регионално ниво па дури и во светски рамки.

Балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот од Кичево Зоран Милески се новите кумови на најголемата верска манифестација во Охрид и регионот, прославувањето на христијанскиот празник Богојавление – Водици.vodici krst

Со изборот на познати личности за кумови, Водици добива пошироки димензии и ќе привлече што поголем број, како верници, така и туристи во градот. Јоксимовиќ после четири години аплицирање конечно ја доби честа да биде кум на Водици во Охрид.

Со цел што подобра организација на празнувањето, имаше најави за понуда на намалени цени на сместувањето во хотелите на охридската ривиера, на угостителските објекти, како и богата културно-забавна програма во текот на продолжениот викенд пред Богојавление, на самиот празник 19 јануари и Денот на рибарите 20 јануари.

Годинава празничната програма во Охрид посветена на празникот Богојавление- Водици ќе биде распоредена во четири дена.

Во збогатувањето на туристичката понуда покрај традиционалната церемонија на фрлање на светиот крст во водите на охридското езеро и денот на рибарите, ќе бидат организирани и попратни забавни содржини.

Македонската поп ѕвезда Каролина Гочева ќе одржи солистички концерт во рамки на централната прослава посветена на празникот. Каролина ќе изведе композиции од својот последен албум „Македонско девојче 2“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1