Жена од Колорадо преплашена – тврди дека Сатаната и пратил 48 смс пораки (Видео)


Американката Џин Вест од Колорадо која во текот на една вечер добила 48 смс пораки од бројот 11-666-666-0666 и тврди дека цела ноќ ја поминала молејќи се да не се случи ништо лошо.

satanaТекстот кој бил напишан во пораката гласел само „Сатана“. „Навистина се преплашив затоа што бев заспана и не очекував порака од никого. Откако ги добив пораките не можев да заспијам цела нок“ тврди Вест. Таа изјавила дека се обидела да се јави на бројот, но обила само одговор дека бројот не е во функција.

И порано овој број некои луѓе го се користеле за да плашат нивни сограѓани на кои им пишувале дека наскоро ќе умрат. На блоговите низ Америка многумина се жалат од пораките кои ги добиле од овој број. „Мајка ми крена слушалка на овој број и од таму и рекоа дека ќерка и ќе умре за три дена. Мајка ми се преплаши“, пишува една девојка на блог.

Според коментарите на блоговите, луѓето не треба да се плашат од таа порака затоа што тоа било автоматизирана услуга која луѓето можат да ја користат преку интернет страната www.ospenterprises.com/phone/.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1