Знаете ли зошто е подобро да се јадат зелени банани и ладен компир


Доколку го чувате вашето здравје, јадете многу овошје и зеленчук, а компирот доколку е ладен веднаш го фрлате, треба да знаете дека има неколку продукти кои се јадат поинаку отколку што најчесто ги конзумирате.

Banana-Bioplastic-300x200Ладен компир Штом ќе се свари, скробот во клетките на компирот набубруваат и почнува да се набабрува и полесно да се вари. Но, ако се излади по готвењето, дел од скроб се претвора во облик која потешко се вари. Сепак, овој скроб, како влакната завршува во дебелото црево ипомага во подобро регулирање на цревата.

Морковот подобро е да се готви во вода отколку на парен Морковот кој се вари во вода, за разлика од морковот кој се вари на паре има повеќе каротеноид – антиоксиданс кој телото ги користи за да создаде витамин А, важен за раст, репродукција, имунитет, здрава кожа, очи и коса. Сто грама варен морков содржи 28 мг. витамин Ц , минимално помалку од суровиот кој содржи 31 мг. Морковот варен на пареа пак содржи само 19 мг витамин Ц.

Чајот треба да се вари барем една минута Чајот содржи полифенол, антиоксиданс кој ги штитат клетките на срцето. Тие се ослободуваат само кога чајот стои една до четири минути во врела вода.

Внимателни со шпагетите За среќа за нашиот метаболизам, тестенините имаат низок глихемиски индек, па даваат чувство на ситост подолго време. Сепак, ова се однесува само во случај кога тоа е готвен ал денте, односно ни премногу тврди, ни премногу меки. Скробот во тој случај полека се разградува, а преработениот шеќер постепено се ослободува во крвотокот. Преварените тестенини имаат спротивен ефект.

Јадете зелени банани Скробот во бананите во текот на зреењето се претвора во шеќер. Значи, незрелите банана содржат помалку шеќер, а повеќе скорб. Повеќе скроб пристигнува и до дебелото црево, а ние од него добиваме помалку калории.

Користете маслиново масло Најдобар начин да се јаде салатата е ако се прелие со маслиново масло или ако додадете авокадо, кое содржи мононезаситени масти. На организмот му требаат масти за да се искористат хранливите материи кои ги даваат овошјето и зеленчукот.

Tags:

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1