Жена освои брозна во кроење лозје во Тиквешко


Ќира Биневска од Демиркапија e прва жена што учествувала на натпревар во дисциплина типично машка, го освои третото место и докажа дека и припадничките на понежниот пол може да бидат вешти мајстори за кроење

zena kroi lozje53 годишната Ќира го освои третото место во натпреварот што традиционално се одржува веќе неколку години во Тиквешко – доказ дека тиквешките жени не се само добри сопруги и домаќинки, туку и вредни земјоделци, кои умеат вешто да ги работат и типичните машки работи.

Ќира е од село Бесвица. Мајка е на три полнолетни сина. Нејзиното семејство обработува 40 декари под лозов насад.

– Се занимаваме со земјоделство. Пред пет години се заинтересирав за кроењето винови лози. Ми се јави желба да го научам и тој дел од лозарството, а на крајот на краиштата и да им помогнам и на сопругот и на децата побргу да стасаат со оваа земјоделска работа. Отпрвин трчав што се вели по нив за да ги стигнам оти ми бегаа, беа побрзи. Сопругот е најискусен, ама и децата многу се изучија. Сите ми помагаа побрзо да научам во што е марифетот кога се крои лозје. Нешто ми објаснија, нешто украдов додека ги гледав како тие работат. Сега можам да се пофалам дека сум побрза од нив – ни откри оваа пријатна жена.

Kога мажот ~ почувствувал дека го испекла кројачкиот занает, годинава ја пријавил на натпреварот.

Дипломата и пригодната награда за големиот успех ќе ~и бидат доделени денеска на големата манифестација, која во чест на верскиот празник Свети Трифун се одржува во Демир Kапија. Првото место го освои Трајче Јованов, а второто Илија Ангелов.

Извор – Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1