Шкотланѓанка чиј идентитет не се открива се јавила на доктор бидејќи била постојано уморна и губела тежина.
Докторите биле вчудоневидени кога откриле секс-играчка заглавена во внатрешноста на оваа жена која се обратила кај нив за проблеми со тежината и чувство на постојан замор – играчката била заглавена таму цели 10 години!
Жената кога пристигнала во болница се пожалила дека е летаргична, има проблеми со мокрењето и неконтролирано губи тежина. Откако 38-годишната жена од Абердин ја снимиле на рендген откриле 12 сантиметри долга секс-играчка во нејзината вагина.
Жената, која инсистирала на анонимност, страдала од потенцијална уринарна болкада и ја дијагностицирале со vesicovaginal fistula, состојба која и овозможува на урината слободно да поминува низ вагината.
Таа изјавила дека оваа секс-играчка ја употребила за време на пијана вечер со тогашниот партнер пред 10 години и не можела да се сети дали ја отстранила.
Откако хирурзите го отстраниле предметот од вагината на жената, таа целосно закрепнала.