Жена со пет пресадени органи роди здраво девојченце


Фатима ал-Ансари дошла на лекување на Мајами по трансплантацијата на пет органи и направи нешто што досега никому со нејзината здравствена состојба не му успеало – родила здраво девојченце, објави американската телевизиска мрежа CBS.

377191-fatema-al-asnari-transplatacija-organi-trudnoca-roditi-foto-ap-1363254387-282411„Таа е божји дар и чудо“, изјави за своето новороденче 26-годишната Фатима ал-Ансари, државјанка на Катар којашто допатувала во САД на лекување коешто и’ го спасила животот.

Пред шест година и’ била дијагностицирана мезентерична тромбоза и речиси починала, а нејзините органи затаиле.

Во тоа време била во вториот месец од бременоста, меѓутоа поради болеста морала да абортира бодејќи бил загрозен нејзиниот живот. За да ја спасат, лекарите во Меморијал хоспитал Џексон успешно и’ трансплантирале црн дроб, панкреас, желудник и тенко и дебело црево.

322598_602518f2_fОткако заздравила, донела ризична одлука – да се обиде да роди дете.

„Тоа што е доволно здрава да може да размислува за раѓање, самото по себе е чудо“, вели др Салих Јасин, кој помогнал да забремени со помош на IVF. Рекол дека постоела загриженоста како нејзиното тело ќе се носи со бременоста и како ќе реагираат пресадените органи.

Убавото и здраво девојченце е родено пред две седмици. Лекарите ќе ја следат здравствена состојба на нејзината мајка уште една седмица, а потоа семејството конечно ќе може да се врати во домот во Катар.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1