Пријавете се: Ниш преку оглас бара Бетмен за градот (Фото)


На социјалната мрежа Фејсбук вчера се појави оглас – Нишлиите бараат кандидат за работно место Бетмен.  Почетна плата првите 3 месеци е 600 евра а потоа доколку ги исполни очекуваните резултати 800 евра плус бакшиш доколку го добие од граѓаните.

Групата со име Gotham City Niš распишала конкурс за работно место ,,БЕТМЕН НА ГРАДОТ НИШ,,

betmen

Во опис на работата е наведено следното –

-Борба против криминалот

-Борба против корупција

-Обезбедување на граѓаните

-Претепување ганстери

-Откривање на малверзации и афери на државни службеници (судии, лекари, политичари итн)

-Откривање на афери на новопечени богаташи

-Заштита на слабите и немоќните

-Борба против мафијаши

-Борба против сите негативци како Бананамен. Џокер…

nis-betmen-konkurs-posao-1363261364-282473

А кога станува збор за квалификации кој кандидатот треба да ги поседува се бара следното.

ВСС – од било која струка а предност ќе имаат оние од факултетот за спорт и физичко воспитување во Ниш

Работно искуство минимум 3 години на исто или слично работно место

Познавање работа на компјутер – MSOffice пакет обавезно

Возачка Б категорија

Познавање англиски јазик е предност

Познавање на боречки вештини – предност е поседувањето црн појас
подготвеност за флексибилно работно време

Почетна плата првите 3 месеци е 600 евра а потоа доколку ги исполни очекуваните резултати 800 евра плус бакшиш доколку го добие од граѓаните.

betmen-nis-donja-foto-facebook-1363261427-282475

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1