Човекот кој ненамерно го сними атентатот на претседателот Кенеди не е единствениот кој го фати ужасниот момент на филм.
Мери Ен Мурман, 31-годишна домаќинка во времето на атентатот, и нејзината пријателка отишле на парадата со нејзиниот нов фотоапарат “полароид”, сакајќи да го сликаат моментот кога претседателот и првата дама ќе поминат покрај нив со поворката.Мери Ен Мурман која со „полароид“ го сними застрелувањето на ЏФК, на 81 годишна возраст вели дека дека „има нешто повеќе во приказната“
“Помислив: ‘Видов како неговата коса скокна !’ Но, тоа не беше само неговата коса, беше дел од главата. Слушнав како Џеки викаше: ‘Боже мој, тој е застрелан'”.
Она што таа не сфатила кога избрала да ја чека поворката е дека нејзината локација е во линија со Депозитарот за книги на Тексас, каде што атентаторот Ли Харви Освалд чекал на шестиот кат.
“Го слушнав истрелот, го спуштив фотоапаратот и слушнав уште два истрела” изјави таа
Во бурните моменти веднаш по истрелите, локален новинар и’ пришол на Мурман и ја придружувал до редакцијата на неговиот весник, за да можат да ја разгледаат фотографијата заедно кога ќе се развие. На фотографијата се гледа како Жаклина се навалува кон нејзиниот сопруг додека тој се чини дека паѓа назад во седиштето.
Мурман, која сега има 81-година, вели дека не се согласува со било која од главните теории на заговор, но многу други, всушност, ја искористија нејзината фотографија, како дел од нивното оправдување за сопствени верзии на настаните – посебно “теоријата Греси ноул” која сугерира дека имало втор стрелец.
“Мислам дека не слушнав повеќе од три истрели, но толку многу од работите што ги имам слушнато ме тераат да мислам дека има многу повеќе во приказната”, вели таа.