Жена возела 300 километри спиејќи зад воланот, рекле од полицијата во Нов Зеланд.
Според информациите, полицијата известила дека добиле повик од друго лице кое е загриженo поради тоа што жената ја зела колата и заминала сама на долг пат, а страда од проблеми со спиењето и може да се случи да заспие зад воланот, јави Emirates24 / 7
По дојавата, полицијата испратила патрола да ја бара која пак постојано и испраќала смс пораки на жената. Нивните податоци покажале дека таа со возилото минала 300 километри. По пет часа возење, беше пронајдена како спие на воланот на својот автомобил во близина на куќата каде што некогаш живееле. На возењето не се сеќава.
“Ние ја испративме да побара итно медицинска помош, и да не вози повеќе додека лекарите не и кажат поинаку. Ние упатуваме апел луѓето да бидат отворени и искрени и да се побара совет за нивната способност да возат. “вели шефот на полицијата Дејв Литон.