Жената му ја украла цела животна заштеда по свадбата (Фото)


Британецот тврди дека семејството на неговата 26 годишна сопруга го држела како заложник и му претеле дека ќе му сечат прст по прст доколку не им ги префрли сите пари.

 

Пол Фицпатрик, 56 годишен се оженил со многу помладата Тунизијка, Мбарка (30) само неколку месеци откако ја запознал на одмор во Тунис. Романсата на британскиот бизнисмен се претворила во кошмар кога првиот пат по свадбата отишле во Тунис во посета на нејзиното семејство.

Пол тврди дека го држеле заклучен 10 дена во спалната соба и му претеле дека ќе му сечат прст по прст се додека не им ја предаде целата своја заштеда.
британецот успеал да побегне и спас побарал во британската амбасада во Тунис.

,, Бев престрашен, навистина верувам дека ќе ме убиеја. Морав да се јавам во банката и сите пари кои беа на сметката, околу 200.000 фунти да ги префрлам на нивна сметка. Жртва сум на најобична, веќе видена измама. Бев глупав и наивен, мислев дека ме сака,, изјавил бизнисменот.

Полицијата трага по семејството, а британецот е префрлен во својот дом каде чека вести дали неговата заштеда ќе ја добие назад и дали сторителите и неговата млада сопруга ќе бидат уапсени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1