Згодна Београѓанка со СИДА се светела на неверните мажи – заразила 5 бизнисмени


27 годишна девојка, исклучително атрактивна и вработена како маркетинг менаџерка во позната агенција во Белград е уапсена. По пријава на нејзиниот поранеен љубовник се дознало дека менаџерка иако уште пред три години открила дека е заразена со вирусот ХИВ, имала љубовници, познати бизнисмени и ги заразила.

До сега заразени се пет луѓе, бизнисмени од Белград.

Девојката ја пријавил поранешен љубовник кој сега е заразен, но вирусот и го пренел и својата сопруга.

Во тешка психичка состојба и раскажал на полицијата дека не се чуствувал добро, а истите симптоми ги имала и неговата сопруга па решиле да одат на приватен лекар каде направиле тест на крвта. Им било кажано дека обајцата се ХИВ позитивни, сопругата веднаш се развела од него а сопругот веднаш отишол во полиција и ја пријавил М.Б.

Таа признала дека била заразена со овој вирус и дека не е единствениот што го има заразено туку уште четири други луѓе. Таа дури му признала на бизнисменот дека свесно го заразила и имала намера да се одмазди на целиот машки род.

Бизнисменот е во многу тешка психичка состојба, неможе да се помири што поради оваа сексуална авантура и афера ја заразил со СИДА и својата жена со која имаат 2 деца. Девојката ќе одговара за намерно ширење СИДА, а според Кривичниот закон на Србија ова дело е казливо од две до 12 години затвор.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1