Ќе имаме лек за рак, неогрaничена енергија и интернет во леќи


Што не чека во иднината? Според физичарот, поборникот на футуризмот Мичио Каку, иднината е розова. Развој, лек за рак, интерент во леќи, исчезнување на многу работни места и слично.

Вели сетете се на нашите баби – Комуникацијата на далечина била сведена на викање надвор од прозорецот. Брзиот транспорт бил ограничен на запрежни коли. Медицината се базирала на змиско масло а хирушките зафати се изведувале без анестезија. А сега замислете ги нашите внуци цо 2100 година.

Иднината, вели е во интелектуалниот капитализам – оние земји кои ќе останат само на производниот капитализам (на пример храна, агрокултура и тн) нивното богатство ќе опаѓа, а причината за тоа е што ќе можат масовно да ги произведуваат. Најбогати ќе се земјите кои ќе произведуваат неограничен интелектуален капитализам –  софтвер, наука, пеење, филмови, пишување романи и се друго што е резултат на креативно размислување.

Каку неодамна настапи на HT конференција „Растеме со знаење“, веб сајтот tportal.hr направи интервју, кое го пренесе и think.mk. еве дел од него.

-Некои научни откритија кои доаѓаат во следната деценија се претежно медицински:

а) Можноста за одгледување нови органи од сопствени клетки на телото. Денес веќе може да растеме кожа, коса, нос, уши, крвни садови, крвни садови, мочен меур, делови на респираторниот систем и срцеви залистоци преку сопствени клетки со што сме го решиле проблемот на отфрлање органи. Во следните пет години се надеваме дека ќе може да ги пораснеме првите црни дробови и панкреасот. Таа технологија би спасила милиони животи.

б) Ќе успееме да излечиме многу форми на рак, ќе имаме ДНК чипови кои користат силиконска технологија со која би детектирале фрагменти на генот за рак и протеините кои му припадаат можеби и десет години пред формирање на туморот. Зборот „тумор“ ќе исчезне од нашиот јазик.

в) Секој од нас ќе им ЦД кое ќе ги содржи нашите гени, тоа воедно ќе биде и упатство за користење на нашите тела, а ќе чини околу 100 долари.

г) Многу болести кои се јавуваат во постарата доба, како Алцхајмерова болест, Паркинсова болест и ракот ќе бидат потполно излечиви или третирани на таков начин што ќе престанат да претставуваат закана за нашето здравје.

– Еден ден, можеби покасно во овој век, толку детално ќе го познаваме човечкиот мозок што ќе ја знаеме локацијата на сите неврони. Ова ќе ни помогне не само да ги излечиме менталните болести (шизофренија, биполарно растројство и тн.), туку исто така ќе ни овозможи еден вид „бекап“ на умот.

Многу луѓе сметаат дека ова достигнување би ни подарило еден вид на бесмртност. Јас лично не мислам дека би доживеале такво ниво на компјутерска бесмртност до крајот на овој век, па дури и подоцна, но секако, тоа е интересна идеја и достојна за понатамошно истражување.

– Вработувањата во иднина ќе бидат само оние кои не можат да ги извршуваат роботи. Овде губитници ќе бидат оние од работничката класа кои работат само физичка (или механичка) работа. Но сепак и меѓу нив има победници, тоа се на пример собирачите на ѓубре, градинарите, градежните работници и сите оние чии позиции не можат да бидат заменети со роботи.

Во средната класа губитници ќе бидат берзиските брокери, лица на шалтерите, туристичките агенции, сметководители, агенти кои работат на работни места кои вклучуваат инвентар односно „бројање зрна грав“. Тие постепено ќе исчезнат ќе има работни места кои обезбедуваат други видови на услуги: икуство, анлиза, креативност, интуиција, лидерство – со оглед на фактот дека роботите не можат да обезбедат такви услуги.

– Интернетот ќе биде во контактните леќи и во моментот кога ќе одиме во продавница вашите леќии кои се поврзани со интернет ќе ги скенираат сите чипови во еден производ и веднаш ќе ви кажат кој е најдобар и наевтин од таков вид. На овој начин предноста преминува на купувачот кој во исто време знае сè за производот.

На прашањето дали овие предвидувања се реални Каку вели – сетете се на нашите баби и дедовци од 1900 година па наваму, тие во просек живееле по 45 години. Комуникацијата на далечина била сведена на викање надвор од прозорецот. Брзиот транспорт бил ограничен на запрежни коли. Медицината се базирала на змиско масло а хирушките зафати се изведувале без анестезија.

А сега замислете ги нашите внуци цо 2100 година. Тие ќе можат да движат физички објекти со својот ум, ќе располагаат со неограничена енергија, најверојатно благодарение на фузија на енергијата. Ќе имаат речиси совршени тела и ќе живеат многу подолго време. Ракот и другите голести ќе бидат излечиви или неутрализирани исто како обичната настинка. Ова е насоката во која науката нè води кон создавање на општество кое е здраво и продуктивно.

Извор – think.mk

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1