Како што информираат оттаму, првично било пријавено дека жената настрадала во сообраќајна несреќа, откако жители на Гостивар забележале возило како го напушта месотото на кое веднаш потоа биле пронајден трупот. Но, при увидот јавниот обвинител од ОЈО Гостивар утврдил дека починатата има убодни рани по телото и дека станува збор за насилна смрт.
Полицијата и гостиварското јавно обвинителство трагаат по скопјанец, осомничен дека ја убил својата поранешна партнерка чие тело денеска било пронајдено на улица во Гостивар, соопшти Јавното обвинителство.
Како што информираат оттаму, првично било пријавено дека жената настрадала во сообраќајна несреќа, откако жители на Гостивар забележале возило како го напушта месотото на кое веднаш потоа биле пронајден трупот. Но, при увидот јавниот обвинител од ОЈО Гостивар утврдил дека починатата има убодни рани по телото и дека станува збор за насилна смрт.
Екипите од крим-техника констатирале дека „пред ударот од возилото, жената била неколку пати прободена со остар предмет”. Јавниот обвинител издал наредби за обдукција на телото и вештачење на трагите од местото.
Истрагата утврдила дека починатата жена во последните пет месеци живеела во Гостивар, каде се преселила од Скопје поради нарушени односи со партнерот со кого била во вонбрачна врска.
„По насока на јавното обвинителство, истражено е местото на живеење на поранешниот партнер на сега починатата, при што е пронајдено возилото и истото е дадено на натамошно вештачење. Осомничениот, жител на Скопје, во моментов е недостапен на органите на прогонот. Основното јавно обвинителство Гостивар издаде наредби за посебни проверки на граничните премини и патарините за пронаоѓање и утврдување на идентитетот на осомничениот”, стои во соопштението на Обвинителството.