Жени нудат 10.00 евра за брак со Хрват


Поседувањето на пасош со жолти ѕвездички донесе и зголемена цена на хрватските самци, на кои преку огласи им се нуди потпишување брачни документи со парнерка од земја што не членка на ЕУ.nevesta i zet

„Има ли маж кој сака да се ожени со девојка од Србија поради документи, со паричен надомест? Во огласот кој се појавил во „Слободна Далмација“, станува збор за девојка од Србија, која сака да замине за Германија, да живее и да работи таму, но бидејќи нејзината земја не членка на ЕУ, отежната и е можноста за траен престој. Жените од регионот се досетиле како да го решат проблемот. Хрватските граѓани можат слободно да се вработата во земјите на ЕУ без посебни одобрувања или работни дозволи, освен во оние земји кои ги задржале постоечките ограничувања во своите национални законодавства.

Во државите во кои за хрватските работници вовеле ограничувања за вработување и преодни периоди, по една година работа со таканаречена ЕУ работна дозвола, како хрватски државјани може да добијат трајна дозвола за работа во таа држава. Србинки , Босанки, и Македонки, подготвени се да платат за младоженец за кој не е важно како изгледа, туку е битно да има вистински пасош.

Освен со брачниот статус, младоженецот го менува и изборот на кариерата, бидејќи, за бракот да има смисла, треба да замине во Германија на работно место кое ќе му го најде невестата. Набргу по неговото доаѓање во Германија и вработувањето, доаѓа и сопругата, која без проблем добива дозвола за престој кај сопругот, кој е државјанин на земја членка на ЕУ. На тој начин девојката нема проблем со престојот и може да си бара работа.

Но ваквиот ангажман подразбира менување на животот на младоженецот, па такви доброволци не е лесно да се најдат. Затоа се нудат големи износи, кои потоа се исплатуваат на рати, бидејќи токму немаштијата ги тера девојките на такви договори, а члестопати го немаат полниот износ. Освен тоа, исплатата на рати е гаранција дека новиот младоженец нема да исчезне откако ќе го добие „миразот“.

Втор начин е девојката да дојде во Хрватска и таму да живее до добивање на државјанството. Невработени девојки кои по секој цена сакаат да заминат од своите неевропски држави, се свртуваат и кон оваа помалку популарна мерка, која е сепак прифатливо решение. Ако младоженецот не сака да замине од Хрв атска, таа е подготвена да живее и работи во Хрватска, додека и самата не стане државјанин на таа земја. Во постапката за одобрување на таков престој, се поминува соодветна полициска процедура, која се состои од разговор со „двојката“. Тоа подразбира и работа на полициските оперативци, кои прават проверки во домот, разговори со членови на семејството, соседите. Не се невообичаени и посети на заедничката адреса рано наутро или во доцните ноќни часови, за да се види дали сопружниците навистина спијат под еден покрив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1