Карера има 28 години и е една од најубавите водителки и модели во светот. Со нејзините облини го одзема здивот каде и да се појави. Сега има петиција која се потпишуваа таа да стане ангел во јатото на Викторија.
Преубавата американска водителка, модел, риалити ѕвезда и танчерка Кармен Карера (28) е родена на 13 април како Кристофер Роман во Њу Џерзи.
Името го променила поради учество во популарно реално шоу, а по завршувањето на истото, почнала со процедурата за промена на полот, за конечно оваа година да објави дека е вистинско женско.
Преубавата Кармен животот го посвети на стекнување слава, а цел живот се идентификувала како маж. Сепак, денеска е една од најголемите секс симболи, со оглед на тоа што изгледа подобро од многу манекенки и модели.
Нема кој не би подзавидел на нејзиното тело, а многубројните обожаватели основалеи група и потпишале петиција Кармен да биде еден од анѓелите на „Victoria’s Secret“ кој би продефилирал на најголемиот моден спектакл на 10 декември.
– ја преминав и последната граница, напишала убавицата на Твитер и со тоа дала до знаење дека била на операција. Еве како изгледала како маж
Кармен два пати позирала за реномираниот „W“ магазин, а минатиот месец се прошета и на модна писта во Лос Анџелес.
– Различноста е клуч за рифаќање во големите корпорации. Кармен е убава жена, баш како и останатите модели, рекол еден од нејзините обожаватели.
Петицијата ја покренале без нејзино знаење, а таа се заблагодарила на Фејсбук.
– Фала на сите! Ќе направиме нешто големо! Ма, ќе ја срушам таа писта, напишала убавицата на друштвените мрежи.
Што мислите за оваа преубава девојка?