Жените без маж живеат 10 години пократко. До овие заклучоци дојдоа американски научници, кои истражувале како осаменоста влијае на женското здравје и долговечност.
Жените кои се често сами и немаат постојан партнер, во просек ризикуваат да го намалат времетраењето на животот во просек за 10 години, покажува најновото американско истражување.
До овие заклучоци дојдоа американски научници, кои истражувале како осаменоста влијае на женското здравје и долговечност.
Резултатите покажуваат дека ризикот од прерана смрт кај немажените жени е поголем за 23% во споредба со мажените дами. Кај мажите ризикот се зголемува и до 32%. Животот на осамените жени се скратува просек помеѓу 7 и 15 години, а кај мажите од 8 -17 години.