Жените малцинство во парламентите – Македонија 28-ма од вкупно 189 земји


Во сите држави на западен Балкан, независно дали станува збор за Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија, Албанија, доминантни се мажите.

Според последното истражување на Меѓупарламентарната унија (ИПУ), со кое се утврдува  учеството на жените во политиката се опфатени вкупно 189 земји.

Од сите земји во регионот, најмногу жени во парламентот има Србија, која котира најдобро и се наоѓа на 22-то место. Од вкупно 250 пратенички места , 81 им припаѓаат на понежниот пол.

Потоа следи Словенија, а Македонија во однос на балканските земји е трета, а на листата го зафати 28-то место. Македонското собрание има 123 пратенички места, а 39 од нив им припаѓаат на жени.

Под Македонија се најдоа Хрватска на 47-мо место,  Босна и Херцеговина која е на 60-то место, Албанија е 84-та,  а најслабо пласирана е Црна Гора на која и припадна 99-то место.

На ниво на Европа, на прво место се најде Шведска, Финска е шеста, Холандија осма, а Велика Британија која на листата е 55- та и Франција која е пласирана на 70 –то место, се најдоа далеку зад повеќето балкански земји.

Според истото истражување, во светот има 48 земји кои немаат ниту една жена во законодавниот дом.

Меѓупарламентарната унија е интернационална организација која ги опфаќа законодавните државни тела од целиот свет и е основана во 1889 година.

Share Button

Tags:

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1