Жените од Македонија одат да абортираат во Србија и Косово


Македонските жени одат да абортираат во Врање и во други градови од соседна Србија и Косово кои се најблиску до нашата држава, тврдат за НОВА гинеколози кои се инволвирани во оваа проблематика. Во какви услови го вршат абортусот таму, никој не знае да каже.

Некои од жените купувале таблети за умртвување на плодот, кои таму се употребуваат регуларно, но бидејќи тоа го правеле без надзор на лекар тука, најчесто завршувале со крварења и компликации, тврдат нашите извори. Оваа масовна појава земала замав откако во болниците започна да се применува новиот Закон за прекин на бременоста, со кој беа усвоени процедури за поднесување на барање, советување и задолжително чекање од три дена за жената да го оствари правото на абортус.

ginekologsto
Македонските болници доследно го применуваат новиот Закон, иако се уште не се донесени подзаконските акти, а до нивното донесување треба да се применува стариот Закон за прекинување на бременоста. Овие одредби во целост се применуваат во пракса само два месеца по влегување во сила на законот.

Во септември минатата година поради повреди предизвикани од пад од височина, бремена жена со мртов плод морала да чека три дена пред да ѝ биде извршен абортус за да бидат испочитувани законските обврски кои наложуваат тридневен рок по лекарското советување за абортус.

На 12 декември минатата година жена која имала хематом и не можела да го задржи плодот , била пратена на Клиниката за гиенекологија за да и биде извршен абортус. Но, таму прекинот на бременоста бил извршен дури четири дена подоцна, откако ги поминала сите процедури и ги пополнила сите формулари, а за цело време трпела силни болки.

Од друга страна на Клиниката за гинекологија велат дека откако започнале да го применуваат новиот Закон регистрирале случаи на жени кои се предомислиле и се откажале од абортус. Минатата година кога беше донесен Законот од 196 жени кои на клиниката дошле да извршат прекин на бременоста, 16 се откажале, а годинава од вкупно 191 жена кои дошле да абортираат , 14 се откажале. Сепак, од таму признаваат дека има и такви кои после процедурата на советување и чекање од три дена, не се појавиле повторно на клиниката и за нив немаат информација каде завршиле и што се случило понатаму со нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1