Сите кои доаѓаат до селото Панпет прво ги забележуваат жените со неприродно долг врат.
Последица на тоа е носењето тешки ѓердани од раното детство.Жените од племето Кајан од источен Мјанмар со генерации се жртви на традицијата која вклучува носење бронзени прстени околу вратот тешки дури и до десет килограми.
Девојките овие племенски симболи ги ставаат уште на пет години.
На почеток носат шест до десет прстени, а потоа секоја година додаваат уште по еден.
Жените почнале да носат ѓердани, со цел да избегнат какви било можни напади од бандити и банди, затоа што се верувало дека со нив ќе им бидат помалку атрактивни.
Подоцна, прстените околу вратот станле еден вид на показател за финансиската состојба на семејството во племето.
Сепак, оваа традиција, која е наменета да ги спаси нивните животи, предизвикува сериозни деформитети на вртните пршлени.
На стари години жените повеќе не може да ја држат главата исправено но традицијата продолжува понатаму и покрај сериозните закани за здравјето на овие жени.
И покрај тешките прстени кои ги носат околу вратот овие жени се многу вредни: Работат по цел ден. или се занимаваат со ткаење или работат на поле.