Женската козметика поскапа за 75 посто, а со ист состав како машката


Ако сте жена и сакате да заштедите, префрлете се на козметичките производи кои се наменети за мажи, сугерира, д-р Сем Бантинг, истакнат британски дерматолог.

mazi zeni liceТаа ја анализирала цената и составот на одредени производи, како што се дезодоранси, пени за бричење, шампони, гелови за туширање и други препарати за хигиена и разубавување пишува „Дејли мејл”. Таа открила дека производите наменети за жени се и до 75 проценти поскапи од оние за мажи, а разликата е само од маркетинг аспект.

„Убавината се подразбира како женски идеал, па поради тоа жените повеќе размислуваат и трошат за убавина од мажите. Поради тоа, козметичките брендови наметнуваат повисоки цени за производите наменети за жени иако составот е многу сличен“, тврди д-р Баунтинг.

На пример, жилетот за бричење за жени со две острици е 20 отсто поскап од истиот брич со две острици наменет за мажи. „ Кожата на мажите и жените не се разликува толку многу колку што луѓето мислат. Разликата е во тоа што кожата на мажите е подебела, па може да поднесат и поагресивни препарати, но во основа поголем број од препаратите се исти“, истакнува Баунтинг.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1