Женски труп пронајден во Вардар – го најдоа учесниците на вардарска регата „Гемиџии“


Тело во водите на Вардар денес беше пронајдено од страна на Учесниците на Вардарската регата. Кајакарите исто како лани  пронашле тело во реката кое било во лоша состојба. vardar izlean poplava

На само неколку киломотри од стартот, кај селото Караслари е забележано безживотно тело. Случајот е веднаш пријавен во полиција. Од СВР Велес велат дека теренот е тешко пристапен па најверојатно телото ќе го извлекува специјалната единица.

На вардарската регата која стартуваше денеска учествуваат стотина луѓе. За прв пат има гости од Бугарија и Србија. Вардарската регата трае четири дена. Се плови од Велес до Гевгелија. Инаку и минатата година, на првиот ден од пловењето, учесниците во вардарската регата пронајдоа човечко тело во распаѓање.

ЗаСе.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1