Носен на рамена од членовите на неговиот изборен штаб, а придружуван од голем број жители на општина Центар, новиот градоначалник Андреј Жерновски ја прослави победата пред бараките на општината, каде деновиве треба да седне на градоначалничката фотелја.
– Мојата победа е изборена по трет пат со тоа што во првиот круг противкандидат на граѓаните им беше Владимир Тодоровиќ, во вториот круг Никола Груевски, а денеска противник на власта и беше народот.
Оваа победа е јасен доказ дека волјата на народот насила никој не може да ја смени . Многу му благодарам на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, чии драгоцени совети доведоа до оваа наша заедничка победа – изјави Жерновски кога ги дозна резултатите од прегласувањето, според кои извојува победа од повеќе од 3.000 гласа од својот противкандидат од владејачката коалиција, Владимир Тодоровиќ.
Видео – Бриф/Нова тв
Фото – Плус инфо