Жерновски ја слави победата (Видео/Фото)


Андреј Жерновски, ја слави победата од прегласувањето на вториот круг на локалните избори, како што објави на својта фејсбук страница по пребројувањето на гласовите тој конечно стана градоначалник на Центар.

andrej_zernovski_tret_krug_8– Мојата победа е изборена по трет пат со тоа што во првиот круг противкандидат на граѓаните им беше Владимир Тодоровиќ, во вториот круг Никола Груевски, а денеска противник на власта и беше народот. Оваа победа е јасен доказ дека волјата на народот насила никој не може да ја смени . Многу му благодарам на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, чии драгоцени совети доведоа до оваа наша заедничка победа – изјави Жерновски кога ги дозна резултатите од прегласувањето, според кои извојува победа од повеќе од 3.000 гласа од својот противкандидат од владејачката коалиција, Владимир Тодоровиќ.

Од зградата на градската организација на СДСМ, која се наоѓа само на неколку метри од централата на ВМРО-ДПМНЕ, Жерновски со своите сопартијци и поддржувачи, возбуден и среќен, се упати кон улиците на општина Центар, за да ја прослави победата.

Фото – Плус инфо

Видео – Нова ТВ

andrej_zernovski_tret_krug_3

andrej_zernovski_tret_krug_2

andrej_zernovski_tret_krug_8

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1