Жерновски: Колку круга сакаат нека има, џабе им е – протест пред собранието


Либерал-демократите на Андреј Жерновски, моментално се наоѓаат пред Собранието на Република Македонија, како резултат на револт поради како што велат украдените гласови и намерата по секоја цел, Жерновски да не биде градоначалник на Општина Центар

Andrej-Zernovski2Членовите на ЛДП, на мирен протест пред Собранието го искажуваат револтот поради донесената одлука од Управниот суд, да има прегласување во Општина Центар.

-Ова е срамота! Ако немој мисли дека јас и граѓаните на Центар ќе кренеме бело знаме и ќе се откажеме тогаш се лаже. Ако сака нека има и втор и трет круг, нека има колку што сака кругови, победата пак ќе биде потврдена- изјави Жерновски.

Како што велат од ЛДП, украдени им се од 300 до 800 гласови од едно избирачко место, а истото се случува во 31 изибрачко место.

Но сепак оттаму најавуваат дека прегласувањето за Центар, ЛДП нема да го бојкотира и достоинствено ќе излезе на изборите.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1