Жерновски одлучи да се стопира изградбата на катна гаража кај „Бристол“


Денеска градоначалникот на Центар Андреј Жерновски изјави дека донел одлука да се стопира изградбата на катна гаража кај Бристол.

zernovski – Висококатницата за администрацијата е исклучиво во надлежност на централната власт и ингеренциите на општината тука се никакви. Дојдовме и до изгледот на катната гаража, во барокен стил. Донесов одлука за стопирање на изградбата на катната гаража, која треба да оди преку Советот на општината, објасни градоначалникот  Жерновски.

– Нема да дозволиме узурпација на Центар, имаме јасен став, а тој е дека нема да продолжиме да бидеме послушник на централната власт. Не сакам да се плаќаат пенали или да има тужби, но мора да застанеме на нозе и ревизијата за „Скопје 2014“ мора да и биде приложена на јавноста. Граѓаните мора да дознаат на кој начин се трошеле нивни пари за тој проект, тоа се нивни пари, рече денеска Жерновски.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1