Жерновски: Поради загаденоста на воздухот, учениците од понеделник да одат на распуст


Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска упати барање до Министерството за образование и наука, за децата од 7-те општински основни училишта распустот да започне од понеделник, 28.12.2015.zernovski intervju

„Ова барање е поради резултатите од извршените мерења на загаденоста на воздухот од страна на Министерството за животна средина, кои покажуваат дека во последните 10 дена во општина Центар има „многу високо“ ниво на ПМ 25 и ПМ 10 честички.

Доколку висината на нивото на загаденоста на воздухот биде над дозволеното, ќе се продолжи со полугодишниот распуст и наместо до 21-ри јануари, Жерновски бара учениците да не одат на настава се’ до намалување на загаденоста на нормално ниво“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1