Жерновски: Поставените споменици се последно нагрдување на Центар


Kандидатот за градоначалник на коалицијата „Сојуз за иднината“, Андреј Жерновски кој според податоците на ДИК има освоено повеќе гласови во општина Центар од противкандидатот Владимир Тодоровиќ, изрази револт од 10-те споменици кои беа поставени изутрината во Центар.

zernovski_0703„Ова е последното нагрдување на општина Центар. Од утре ниту еден сантиметар од Општината нема да се моделира во нешто друго без да се прашаат граѓаните“, изјави Жерновски.

Тој ја повика и администрацијата да се однесува професионално и да не подлегне на, како што рече, притисоците кои се вршат врз неа за изнесување документи.

Го повика Тодоровиќ да ја прифати реалноста и да му ја честита победата. Според информациите на Жерновски, ВМРО – ДПМНЕ во неделата поднела 49 жалби за изборите во општина Центар.

Извор: Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1