Првата дебата од првите часови во етер на ТВ Нова го најави и почетокот на дебатните емисии на оваа телевизија.
Дебата ја водеше Љубиша Николовски а темата на дебатата беше “Реформи во медиумската сфера“.
-Со почетокот на ТВ Нова сметавме дека е добро да започнеме со тема која што се однесува на медиумите, дополнително темата на медиуми е важен сегмент во преговорите меѓу политичките партии, вака Николовски ја најави првата од многуте дебати кои што ќе можеме да ги проследиме нa ТВ Нова.
Гости на дебатата беа Снежана Трпевска од Високата школа за новинарство и односи со јавност, Драган Павловиќ Латас главен и одговорен уредник на Сител и претставник на МАН, Насер Селмани претседател на ЗНМ и Цветин Чилиманов уредник во МИА.
Дебатата беше жестока и се спротивставија четири различни мислења по однос на прашањето за реформите во медиумите.
Она што можеме да го очекуваме, најавуваат од ТВ Нова е дека на токму вакви дебатни емисии каде ќе се соочуваат различни мислења ќе бидат карактеристички за телевизијата.