Жестока кавга на Извршниот на СДСМ – Заев се повлече, Црвенковски останува лидер и по конгресот?


Жестока кавга избила вчера на седницата на Извршниот одбор на СДСМ. Како што дознава Press24 од свои извори, откако не можело да падне договор околу организацијата на Конгресот, Заев видно револтиран станал и рекол дека ја повлекува кандидатурата.

zaev33Заев за Press24 не сакаше ниту да ја потврди ниту да ја демантира оваа информација. Рече дека треба да оставиме СДСМ сама да решава за својата идинина и побара разбирање што не може да изнесува детали од партиската рапсарава.

Неофицијално, дел од членовите на Извршниот побарале од Црвенковски јавно да соопшти дека нема да остане на чело на СДСМ. АКтуелниот лидер до сега овој став го соопштил само на седниците на партиските тела, но пред медиумите, од поразот на локалните избори до денеска не се појавил.

branko crvenkovski222Не се знае како реагирал Црвенковски на ова барање.

Она што се знае е дека до овој момент, низ локалните одбори на СДСМ партиското членство собрало над 10.000 постписи за Црвенковски да остане на чело на партијата.

Голем дел од општинските одбори на СДСМ го предложиле и како единствен кандидат за престојниот Конгрес на СДСМ. Дали повелкувањето на Заев е отворање на вратата за Црвенковски да остане на чело на партијата за сега не може да се добие официјална информација

Press24

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1