Жил Верн не измислувал: Под земјината кора пронајдено подземно море


Научниците се на трагата да ја докажат приказната на Жил Верн, стара 150 години, за постоењето на подземен океан на нашата планета

the-planet-earthНајновите сознанија на научниците биле објавени во средата во списанието „Натуре“ направени по деталните лабораториски истражувања на еден кафеав дијамант , кој бил пронајден случајно во Бразил пред пет години. Дијамантoт е мал со дијаметар од три милиметри, а на пазарот за благородни камења е безвреден, но има голeма научна важност.

Овој дијамант,  кој е наречен Ринводит, го има исклучиво на метеоритите, а ова  е прв доказ дека е присутен и на Земјата. За овој минерал е значајно тоа што е присутен на места со вода.

На површината на земјата е исфрлен во текот на вулканска ерупција, од длабочина од неколку стотина километри, изјавуваат од тимот истражувачи предводен од Грахам Пирсон, од канадскиот Универзитет во Алберти. Тоа е индикатор дека во длабочините на земјината кора се кријат големи резервоари со вода, поголеми од сите океани на планетата заедно.

Постои голема веројатност дека водата не е во течна состојба, туку во форма на хидроксил во разни карпи, кои се наоѓаат во т.н. транзициона зона, на длабочина од 400 до 600 километри.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1