Жител на Ласкарци: Дете на телефон бараше татко му да го спаси, а нозете му беа приклештени


Денес сведочеа преживеаните од автобуската несреќа кај Ласкарци како и очевидците кои први се најдоа на местото на несреќата и им помагаа на повредените.

Музафер е првиот кој ноќта дошол на местото на несреќата.

– Живеам на 100 метри од местото на несреќата. Бев во дворот и го видов автобусот како се преврте. Кога стигнав автобусот беше превртен на нива, видов како луѓето бараат помош. Надвор од автобусот имаше 10-15 луѓе и под автобусот имаше многу кои бараа помош. Јас го извадив апаратот за прва помош и го ставив на патот да биде при рака. Беше многу лоша слика, никогаш не сум го доживеал тоа, имаше млади деца кои бараат помош, едно на телефон го бараше татко му да дојде да му погоне а нозете му беа заробени – се присетуваше Музафер.

durmo turs

Во автобуската несреќа кај Ласкарци попладнето на 13 февруари годинава загинаа 16 патници, а 37 беа потешко повредени. Во случајот обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1