Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографија од девојката по име Јасмина и Садет, жителот на Ласкарци. Во својата објава Филипче напиша дека Садет успеал да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее и дека неговата желба била само Јасмина да е жива.
„Неколку денови безуспешно барал информации низ болничките ходиници, а всушност не ѝ го знаел ниту името. Поради тоа, Садет преку медумите побара од мене да му помогнам да ја пронајде. Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со моја помош ја најде Јасмина“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
„Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам“, изјавил Садет за време на посетата во болницата.