Неколку жители на Општина Чаир ќе ја тужат Топлификација „Скопје-Север“, поради тоа што оваа компанија им праќа сметки на домаќинствата кои долго време не ги користат нејзините услуги. Музафер Харуни вели дека поднел барање до топлификација „Скопје-Север„ за исклучување од мрежата, но оттаму не испратиле екипа за да извршат исклучување. Харуни, како и некои други граѓани, самоиницијативно се исклучил од топлификациската мрежа, но сметките продолжиле да му доаѓаат.
“Оваа вертикала никогаш немала централно греење. Никогаш не ги топлеле радијаторите. 12 години плаќавме Јас ги исклучив сите радијатори. Слободно дојдете кај мене и погледнете, ги исклучив сите, а овие уште праќаат сметки“, вели Музафер Харуни, граѓанин на Чаир.
Aдвокатот Насер Рауфи вели дека топланата „Скопје-Север„ на незаконски начин бара од граѓаните да ги платат фактурите за услуга што не ја искористиле.
Евидентно е дека се злоупотребува монополот, во овој случај, топлификација. Бидејќи во конкретниот случај тужителот и не го користи дури ни греењето од нив. Оваа злоупотреба произлегува и таму каде се бара од граѓаните да обезбедат потписи од цела зграда. Тоа не е според уставот или според законска основа“, вели адвокатот Рауфи.
Директорот на топланата „Скопје-Север“, Игор Поповски изјави за Алсат-М дека со новите законски измени, секое лице може да се исклучи од мрежата без согласност на соседите, но доспеаните сметки секако дека треба да се платат.
„Регулаторната комисија за енергетика, на 1 август годинава донесе правилник за изменување и дополнување на правилникот за снабдување со топлинска енергија и од тогаш е избришан членот 53 каде што се бараше да се бара согласност од сите корисници. Од тогаш наваму ние дозволуваме поединечно исклучување.“, изјави Игор Поповски, директор на Топлификација “Скопје–Север”.
Попоски вели дека конкретниот корисник можеби поднел барање за исклучување во периодот пред да се смени правилникот, а тогаш не можело да се врши индивидуално исклучување без да се обезбеди согласност од станарите во зградата.
Alsat M