Градилиште на улицата Руди Чајавец во Општина Аеродром ги остави жителите без сон.
Тие велат дека зградата се гради 24 часа во денот, и за време на викендите, па ноќе не можат да заспијат од бучавата која ја прават машините и работниците. Многумина од нив реагирале и во Општината, но, велат, градежните работи не запирале.
,, Ајде што работат и во сабота и во недела по цел ден, но мир немаме и навечер. Багери се слушаат во 12/1 часот по полноќ, па дали е тоа нормално?,, револтирана е жителка чии стан гледа на градилиштето и вели нема никаков начин да ја избегне бучавата освен да избега од дома.
,, Не сме отвориле прозор да излуфтираме од кога почнаа да градат, прашина колку сакаш и дење и ноќе,, вели станар на околните згради.
Жителите најавуваат дека ќе реагираат и кај надлежните инспектори за да се прекине ноќното работење, кое трае со недели.