Жив мртовец: Верува дека умрела после несреќата


Кејт Валас од Пенсилванија по сообраќајната несреќа се разболела од Котардов синдром.
Таа ја преживеала сообраќајната несреќа, во која поминала без тешки повреди, но потполно се променила тврдејќи дека е мертва.

cop-cars-crushed-630x354Нејзината сестра Ким, која се грижи за неа, ја однела на психијатар и кај неа утврдено е дека боледува од Котардов синдром. Кејт речиси престанала да јаде и го загубила чувството за хигиена. Како да вегетира и не покажува никаква волја за живот.

Во масата необични фобии и синдроми, многумина сметаат дека Котардовиот синдром е еден од најбизарните. Луѓето кои страдаат од ова ретко ментално пореметување, познато и како синдром на движечки мртовец, кој верува дека е починат и дека не постои.

Синдромот го добил името по францускиот невролог Жил Котард кој своите истражувања ги претставил во 1880 година.
Некои од пациентите се уверени дека ја загубиле сета крв и внатрешните органи, а повеќето страдаат и од шизофренија. Лекувањето на Котардовиот синдром е бавно, но е можно со помош на антидепресиви, антипсихотици и други стабилизатори.

Замислил дека умрел и дека се преселил во пеколот
Еден од најбизарните случаи е забележан кај едно момче кое преживеало сообраќајна несреќа. Поради компликациите кои се појавиле за време на закрепнувањето , тој замислил дека е починат. Работата а направила пострашна неговата мајка, одлучувајќи заедно да се преселат во Јужноафриканската Република. Поради топлата клима момчето било уверено дека се наоѓа во пеколот.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1