Жива или мртва: ИСИС ја уцени главата на оваа девојка за еден милион долари


Данката Јоана Палани (23), која го напушти удобниот живот во Данска и замина да се бори против ИСИС, се соочува со можна затворска казна во Данска. Во интервју за британскиот весник Daily Mail таа открива зошто ја гонат во Данска, но и тоа дека во моментов е главна мета на терористите од Исламска држава.img-320353-103462

„Подготвена бев да се одрекнам од својот живот за да бидат безбедни сите во Европа. Тоа беше мој избор, но во мојата земја ме гледаат како терорист,“ вели Јоана.

Јоана, бегалка од Ирак со курдско потекло и државјанка на Данска, била снајперист во Сирија, а нејзина мета биле џихадисти на Исламската држава.

„Јас сум снајперист. Јас сум како „лејди смрт“, Људмила Павличенко од Црвената армија,“ вели Јоана и објаснува колку било тешко да се пука.

„Пукав од руски снајпер. Мора да бидете многу мирни. Да го користите и мозокот и телото, не смеете да изгубите концентрација.

Иако се борела против непријатели, Данска кривично ја гони поради нејзиното заминување во Сирија.

„Живеам во една од најдобрите земји во светот, но гладна сум, жедна и немам кров над главата. Не верувам повеќе во никој,“ вели девојката.

Ако биде осудена, ја очекува повеќегодишна казна, дури и до 12 години. Но тоа не е единствената опасност за Данката, која заради својата храброст останала на улица.

Јоана сега е главна цел на Исламската држава, секојдневно добива закани дека ќе ја претворат во сексуална робинка, дека ќе биде присилно исламизирана. Џихадистите нејзината глава ја уцениле на милион долари. Ја сакаат мртва или жива.

Но, таа вели дека не се плаши од ИСИС или од тоа дека ќе ја фатат.

„Ќе продолжам со својот живот. Ќе ги победам и ќе бидам независна и слободна жена.“

Нејзините проблеми започнале кога ја прекршила забраната за патување во Сирија. Таа поминала цела година војувајќи на страна на Курдите, а кога се вратила во Копенхаген ѝ бил одземен пасошот и добила забрана за патување. Сепак, неколку месеци подоцна таа повторно ги спакувала куферите и заминала на фронт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1