Живејте вечно: Направен робот – може да го вметнете вашиот ум во нивните глави


Мартин Ротблат, дизајнирала робот во чиј „ум“ луѓето ќе можат да ги префрлат своите сеќавања и така практично ќе продолжат да живеат и после смртта. Овој контроверзен прототип го добил називот „Бина 49“ а е направен според нејзината сопруга Бина Ротблад. bina robot

Мартин Ротблат била маж. Оженет со Бина и имале 4 деца. Но го променил помот и станал жена – таа сега е најплатената директорка во Америка, а живее со истата жена со која се оженила како маж. Bina-Aspen-Martine-Rothblatt

Бина го поддржала својот сопруг кога одлучил да си го промени полот во 1994 година, но децата и понатаму ја нарекуваат ’тато’. Бина и Мартин доживеале голема семејна трагедија кога дознале дека нивната најмлада ќерка Џенесис боледува од примарна хипертензија на белите дробови, за која тогаш не постоел лек.Таа влегла во фармацевтски бизнис поради тоа – и направила милијарди.Нашла начин да регистрира експериментален лек, да најде инвеститори и да најде начин Американската здравствена организација да го одобри овој лек кој на крајот успеал да го спаси животот на нејзината ќерка. Џенесис сега има 30 години и работи во семејната компанија.

Потоа следел нов предизвик: Мартин се обидува да најде решение за последниот и најголем проблем на човештвото – смртноста. Затоа направила роботска верзија од својата сопруга Бина.bina48 robot

Почетната верзија на роботот Бина била дизајнирана така што може да води основна конверзација, кажува вицови, учи… а Мартин се надева дека во иднина ќе го унапреди својот прототип и на тој начин ќе им овозможи на луѓето можност за „живот после смртта“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1