Министер барал анален, садо мазо групен секс – љубовницата вели врската ни се претвори во пекол


Девојка А.Х. во дваесеттите години го споделила своето искуство за да не и` се повтори на некоја друга девојка нешто слично. Оваа девојка имала болно искуство со еден федерален босански министер кого не сакала јавно да го именува, пренесува порталот Krupljani.ba.

Точно пред една година во едно пошироко друштво го запознав, сега веќе министер на заминување. После неколку дена ми испрати смс порака и така започнавме да се допишуваме. Пред да се видиме, секој ден разменувавме десетици пораки преку Viber. Изгледаше вљубен и се чинеше дека се грижи за менеprostitutka nasilstvo

Го сакав повеќе од себе си и одлучив дека ќе сторам сè за да биде среќен покрај мене и дека ќе му ги скршам предрасудите за жените. Не се согласував на скапи подароци, вечери, патувања. Само сакав да види колку ми е важен тој, а не материјалните работи и задоволства.

Кога дојде време да стапиме во сексуален однос ми призна дека има проблеми со ерекцијата и да имам трпение. После неколку средби и неуспешни сексуални односи ми призна дека има потреба да ме повредува во кревет, но дека тоа би се случувало само во кревет и дека многу би му значело кога би му помогнала околу ерекцијата.

Една вечер донесе лисици и доброволно прифатив да ми ги стави, не претпоставувајќи што може да се случи.На мене се изживуваше најмалку три часа, а секоја моја солза би ја проследил со бакнежи. Емоциите ми беа помешани. Го сакав и го мразев истовремено.

Наредните неколку дена беше прекрасен, среќен, расположен. Се чинеше дека сè е како што треба. После извесно време од мене побара во нашиот кревет да воведеме трета личност. После многу кавги и негодувања, сепак се согласив под услов ако почувствувам дека не ми е убаво, да престанеме.

Се обидов да го избегнувам, но беше многу наметлив и на разни начини се обидуваше да ми покаже дека му значам. Поради мене знаеше да седне во автомобилот и половина ноќ за помине 150 километри. Ми испраќаше големи букети на врата, ми нарачуваше песни, од Лондон ми донесе срце на кое пишуваше „Биди моја“. После тоа потклекнав и се вратив во пеколот од кој излегов и во него се задржав уште осум месеци.

Сега сум сама. Веќе два месеци. И понатаму се обидува да ме врати на разни начини, но овој пат нема да ја променам одлуката. Ова што го читате е производ на моите закани упатени кон него, доколку продолжи да ме малтретира му се заканив дека ќе ја споделам приказната со јавноста. И ова е првиот чекор. Следниот пат ќе кажам како се вика министерот од мојава приказна.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1