Живи закопани – се лизна брдо, затрупа цело село


Над 2.000 лица се затрупани при лизгање на земјиште, што зафати село во планински регион во североисточниот дел на Авганистан, соопшти портпаролот на локалниот гувернер.

Tan2014-3-23_22137122_0– Во селото живеат над 1.000 семејства, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Бадахшан, додавајќи дека вкупно 2.100 мажи, жени и деца се заробени.

Претходно, висок полициски претставник изјави дека околу 500 лица се исчезнати и се сметаат за мртви.

Несреќатa се случила во авганистанската провинција Бадагшан. Причина за лизгање не земјиштето се поројните дождови.

Провинцијата Бадахшан е сиромашна и се наоѓа во планински регион. Таа се граничи со Таџикистан, Кина и Пакистан.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1